Препорачана опрема
За користење на програмската подрршка COBISS3 потребен е персонален компјутер од понова генерација со оперативен систем Microsoft Windows, Linux или Apple Macintosh OS X, поврзан на Интернет.
Печатачи, читачи, терминали и табли за потпишување
Програмската поддршка COBISS ги поддржува избраните:
- типови на печатачи,
- читачи,
- терминали и
- табли за потпишување
Инсталација на програмската поддршка
За пристап до серверите со програмската поддршка COBISS3 потребна е инсталација на отворениот код на Javа и инсталација на клиентот со кориснички интерфејс COBISS3.
Инсталирање на директориумот и системската променлива за системот COBISS
Директориумот C:\Cobiss3Files и системската променлива COBISS_DIR со вредноста C:\Cobiss3Files системскиот администратор може да ја креира рачно или со помош на програма за инсталација. Директориумот и системската променлива се неопходни за правилно функционирање на периферните уреди (на пр. RFID-уреди, POS-терминали, сертификати итн.). Со програмата за инсталација ги креирате според следната постапка:
- За извршување на постапката потребни се администраторски привилегии.
- За креирање на директориумот C:\Cobiss3Files и на системската променлива COBISS_DIR ја активирате програмата за инсталација дадена на линкот.
- За инсталирање следете го упатството.